Елтон Џон дефинитивно знае како да направи гламурозен настан, а да се биде поканет на неговите забави значи и дека треба да се внимава на стајлингот.

За WOW на неделата ја избравме преубавата Петра Немцова која на забавата на Елтон Џон се појави во креација на Ралф и Русо. Дополнителен ефект на целосниот изглед допринесе црната машна која одлично се вклопи во црната клач чанта, црните сандали и класичната едноставна фризура.

За LOL на неделата ја избравме Кет Грахам која дефинитивно направила лош избор на облека, кој не само што не одговара на гламурозна забава од ваков тип, туку воопшто за каков и да е настан. Горниот и долниот дел воопшто не се вклопуваат во една целина, а со нив повеќе открива делови од телото отколку што покрива. Тоа се однесува на истакнатото деколте и долгиот шлиц. Можеби не би делувало толку вулгарно кога би бил само долгиот шлиц. Во секој случај Кет е дефинитивно нашиот избор за најлошо облечена селебрити оваа недела.

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Без категорија