Оваа недела најдобриот и најлошиот аутфит се одбрани од отворањето на брендот „Litlle black jacket“ во Сао Паоло. Исто така интересно е што двата изгледи се токму од модната куќа Шанел

За WOW на неделата ја избравме Дијана Кругер која за овој настан одбра да носи коктел фустан од Шанел со цветен принт, тенок црвен ремен околу половината и црни сандали.

За LOL на неделата ја одбравме Керин Ротфилд чиј изглед можеби би бил интересен доколку би одбрала горен дел кој одлично би се вклопил со долгото здолниште. Ѓерданот воопшто не се вклопува со изгледот кој делува апсолутно нефункционален и нецелосен.

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Без категорија