За WOW на неделата ја избравме Клер Денс која во шоуто на Дејвид Летерман се појави во фустан на Џамбатиста Вали и чевли од Кристијан Лубутан. Црвената нијанса одлично се вклопила во целокупниот изглед, па токму поради тоа Клер Денс ја избравме за најдобро облечена за оваа недела.

За LOL на неделата ја избравме Кристен Вилг која на премирата на „The Secret Life of Walter Mitty“ се појави во бел фустан од Баленсијага и чевли од Кристијан Лубутан. Белата креација прави Кристен повеќе да изгледа како да облекла неструкирана маица на себе отколку дизајнерско парче. Можеби изгледот не би бил прогласен за најлош за оваа недела доколку би бил искомбиниран со интересен долен дел.

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Без категорија