За WOW на неделата ја избравме Ема Ватсон чија комбинација не беше впечатлива по гламурозноста, туку напротив по несекојдневниот, неконвенционален изглед.  Феноменална комбинација на фустан и панталони од Кристијан Диор, доволно шик за да го привлече вниманието како на аудиториумот, така и на модните критичари. Пред се изборот на нијансата е одличен, минимална шминка, однапред парче кое изгледа како фустан ,а од задната страна, пресечен за да дојдат до израз панталоните,чевли на висока потпетица и едноставна фризура.  Ова е само уште еден доказ, дека понекогаш потребно е да направите избор на комбинација која ќе биде едноставна но уникатна, а не нешто што е веќе видено.

За LOL на неделата ја избравме Еди Фалко која за доделувањето на Златните Глобуси реши да се појави во креација на Ланвин. Формата на фустанот воопшто не одговара на структурата на нејзиното тело. Широка на горниот и долниот дел и истакнување на бутовите, а дополнително за лош впечаток допринесува маркантната машна на горниот дел. Целосниот изглед е како фустанот да не бил доработен, а Фалко во него повеќе изгледа смешно, отколку елегантно.

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Без категорија