На црвениот килим можеа да се забележат тоалети од разни дизајнерски имиња од кои претежно владееја оние со металик предзнак,  а поради богатиот избор на креации навистина беше тешко да се направи вистинскиот избор за најдобра тоалета.

За WOW на неделата ја избравме Иги Азалеа која носеше фустан од Ели Саб како скроен за неа. Иако моделот изгледаше многу едноставен, изборот на нијансата и формата допринесоа до израз да дојде нејзината феноменална телесна структура. Залижената коса наназад и едноставната шминка дополнително направија таа да изгледа како вистинска дама на црвениот килим.

За LOL на неделата ја избравме Сара Барејлес која за овој настан носеше драматичен фустан од Блумарин, со краток преден дел и долг заден, извезен со тантела. Изгледот го имаше надополнето со црвени чевли и клач чанта, но парчињата воопшто не можеа да се компелетираат во целосен аутфит. Врв на целата комбинација е фризурата која изгледа како пејачката да немала време да ја среди, а мора да се спомне дека изборот на накит исто така воопшто не се вклопува во целосната слика.

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Без категорија