Токму тоа ќе се обидеме да го докажеме преку изборот за најдобро и најлошо облечена селебрити за оваа недела.

За WOW на неделата ја избравме Мајли Сајрус, пејачката која направи одличен премин од детскиот препознатлив стил на Хана Монтана во женствена и сексапилна девојка која ги следи модните трендови. На промоцијата на нејзината нова песна “We Can’t Stop” во Њујорк, Мајли носеше креација на Емилио Пучи од колекцијата пролет – лето 2013. Краток топ и здолниште во впечатлива сина боја со шарени мотиви на горниот дел и копчиња на делот кај колковите. Целата комбинација ја има комплетирано со едноставни и елегантни бели чевли од Селин.

За LOL на неделата ја избравме Шер која на свеченото отворање на  "Q" од Брендон Вос во Њујорк се појави во гладијаторски готик изглед со впечатлив металик аксесоар на горниот дел и главата, а надоле со кожно здолниште и моторџиски чизми. Иако Шер е позната по рокерскиот стил, сепак овој пат избра комбинација поради која дефинитивно можеме да ја прогласиме за најлошо облечена оваа недела.

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Без категорија