За WOW на неделата ја избравме Џејми Чунг која воодушеви со својот изглед на премиерата на филмот „Only Lovers Left Alive“ во Њујорк , односно бело миди здолниште и краток топ во комбинација со кожена јакна со нитни. Изгледот го надополни со чевли во сива нијанса и впечатлива плик чанта.

За LOL на неделата ја избравме Хелена Кристенсен која на изложба во Њујорк се појави во аутфит кој воопшто не се вклопуваше во една уникатна целина, а јавните настани сами по себе наметнуваат дрес код, кој би требало да се почитува барем кога се работи за јавните личности. Хелена на изложбата се појави во фармерки со машки крој кој се тренди сезоната, но изборот на маица со натпис, црвено сако и црни чевли воопшто не се вклопуваше со нив. Токму затоа ја избравме за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Без категорија