За WOW на неделата ја избравме латино убавицата Софија Вергара која речиси секогаш знае да направи успешен спој на сексапилот и женственоста до граница каде тоа изгледа заводливо, но не и вулгарно. Така и овој пат, на промоцијата на филмот „Chef“ се појави во бел фустан со аплицирана тантела која започнува од ракавите, деколтето, па странично завршува на долниот дел. Фустанот е креација на Зухаир Мурад, а Вергара изгледот го надополни со клач чанта и сандали во сребрена нијанса.

За LOL на неделата ја одбравме Ема Вотсон која беше дел од премиерата на филмот „Boulevard“. Актерката за оваа пригода се појави во креација од Нарцисо Родригез во пастелни нијанси, но сепак спојот на горниот и долнот дел не формираа една целина. Двата дела имаат асиметричен крој, парчињата се неструкирани и здолништето е на преклоп што ја прави целата комбинација дополнително конфузна.  Изборот на сандали е во склоп на пастелните нијанси, но сепак изгледот не е впечатлив и има недостаток од модни додатоци. Токму затоа, Вотсон е наш избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Без категорија