За WOW на неделата ја одбравме Попи Делевињ која на Vienna Fashion Night се појави во свилен фустан со цветни апликации и асиметричен крој од Вивиен Вествуд. За постигнување на целосно елегантен изглед, Делевињ изгледот го надополни со беж салонки и црвен кармин.

За LOL на неделата ја одбравме Кејт Мара која на доделувањето на наградите Тони се појави во богато декориран фустан од Долче и Габана, но сепак формата на фустанот и деталите во предниот дел придонесоа  таа да изгледа крупно, а крајниот резултат е креација која целосно не одговара на нејзината телесна конституција. Дополнително за лош впечаток допринесува бледиот изглед, благодарение на лошиот избор на шминка. Токму затоа, актерката е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија