За WOW на неделата ја одбравме латино заводничката Џенифер Лопез која беше дел од првиот ред на ревијата на Версаче на неделата на Висока мода во Париз. По тој повод, пејачката се појави во целосна креација од модната куќа, од есенската колекција за 2014 година, односно креација која беше спој на здолниште од едната и панталона од другата страна, со метални додатоци во форма на ремен, а горниот дел продолжува во форма на корсет без прерамки. За целосен изглед, Лопез комбинацијата ја надополни со алки, обетки и сребрени сандали на платформа, исто така од атеље Версаче

Џенифер Лопез со Донатела Версаче Џенифер Лопез со Донатела Версаче

За LOL на неделата ја одбравме Ел Фенинг која на јапонската премиера на „Maleficent“ се појави во креација на Александар Меквин. Сепак соживувањето со улогата при појавување на црвените килими треба да има одредена граница кога станува збор за стилски изглед. Односно викторијанската креација на модната куќа би била одличен избор за некоја друга прилика, но не и за премиера на филм. Токму затоа актерката е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Без категорија