За WOW на неделата ја одбравме Каролина Куркова која на 20 годишнината од прославата на Џузепе Заноти воодушеви со стајлингот - креација на Азедин Алаја, односно мини фустан со патенти кои се провлекуваат рамномерно низ облеката придонесувајќи креацијата да добие плисиран ефект, ремен околу половината за истакнување на струкот, клач чанта и секако сандали со отворени прст, цветни мотиви во црна и златна нијанса од Заноти.

За LOL на неделата ја избравме 21 годишната Мајли Сајрус која не прекинува со скандалозните појави. Овој пат таа беше забележана додека напушташе ноќен клуб во Лос Анџелес облечена во цветен комбинезон од Шанел, комбиниран со црни кожени чевли со метален преден дел. За впечатокот да биде уште полош, пејачката имаше ставено цветови во косата кои очигледно мислела дека одлично би се вклопиле во целокупниот изглед. Токму затоа, Сајрус е нашиот избор за најлош стајлинг на неделата.

Објавено:
22 јули 2014
Категорија: 
Без категорија