За WOW на неделата ја одбравме Рејчел Мек Адамс која на премиерата на „A most wanted man“ во Њујорк се појави во креација од колекцијата за Висока мода од Зухаир Мурад, тесен фустан со едно рамо и страничен додаток во поинаков принт од остатокот од дизајнерското парче. Изгледот го комплетираше со чевли од Casadei и накит од Мелиса Kej.

За LOL на неделата ја одбравме Зое Салдана која на холивудската премиера на филмот „Giardians of the galaxy“ se појави во фустан од Луј Витон од ресорт колекцијата за 2015 година, со транспарентен горен дел и бел ремен околу струкот, чевли од Џими Чу и накит од Сем Лехр. Целата креација е конфузна особено со горниот дел и градникот кој се проѕира, а дополнително за лош впечаток придонесува белиот ремен кој не се вклопува во целосниот изглед.

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Без категорија