За WOW на неделата ја избравме Шејлин Вудли која на црвениот килим блесна во креација на модната куќа Ели Сааб, од колекцијата за висока мода од 2010 година. Иако се работи за постара креација, сепак за потребите на премиерата, гламурозниот фустан доби речиси нов изглед, па Вудли изгледаше гламурозно во долгиот фустан со еден ракав во бронзена нијанса, кој го имаше комплетирано со сандали од Стјуарт Вајцман и златни обетки

За LOL на неделата ја избравме нејзината колешка од филмот, актерката Меги Кју која за овој настан носеше смела креација која воопшто не одговараше за настан од ваков тип. Односно актерката на црвениот килим се појави во црна креација од Ентони Вакарело од пролетната колекција за 2014 година. Креацијата е со асиметричен крој, со еден долг ракав и страничен дел кој е само со ремени. Токму ваквиот детаљ од целата креација го привлече вниманието на присутните, а дополнително за тоа придонесе и фактот дека Маги се пофали дека воопшто не носи долна облека. Добар маркетинг трик, но од друга страна доволен фактор за да биде на листата најлошо облечени актерки од премиерата на филмот „The Divergent“.

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Без категорија