Сепак фактот што е неопходна храброст за експериментирање со различни стилови, не значи дека е дозволено да се прави микс на елементи или парчиња, кои сепак не се вклопуваат во уникатна целина

За WOW на неделата ја избравме Анита Дујиќ Вељача која на првата вечер на Cro-a-Porter се појави облечена во креација од новата колекција на Соља Ламут, односно комбинација на миди здолниште од волна во сива нијанса, предимензионален колор блок пуловер со длабок шлиц на предниот дел, впечатлив ѓердан и чевли во бордо нијанса. Уникатен изглед во секој поглед!

За LOL на неделата ја избравме Петра Куртела која на црвениот килим се појави во фустан од Асос со сива нијанса, со фалти на долниот дел и горен дел со геометриски форми. Креацијата би дошла до израз доколку го комбинирала со сако или наметна, а не со јакна во маслинеста нијанса, која дава делумен војнички стил и шпиц чевли кои наметнуваат поголема елеганција во изгледот.

Објавено:
28 октомври 2014
Категорија: 
Без категорија