Нема кој не ја забележа Кејт Бланшет на премиерата на новиот филм на Вуди Ален, „Blue jasmine“, во кој ја толкува главната улога, заедно со Алек Болдвин.

CateBlanchett-jpg_225519

Во пастелно розова креација на Баленсијага, со тантела, дискретен накит и чевли во истата боја, на актерката не можеше да и се најде недостаток. Елегантна, одмерена, свежа во изгледот... Вистински избор за филмска премиера. Соодветно и на пригодата и на годините.

Baj Ling

Неделниот LOL е изгледот на актерката Беј Линг, која се појави на премиерата на филмот „Kick ass2“. Иако овој пат е пофалена што облекла фустан, особено имајќи предвид дека секаде се појавува речиси гола, сепак фустанот е „чиста утка“ како што велат критичарите. Ова е креација на некој од учесниците на „Проект писта“, и изгледа како на него да се зашиени филтри, или изолациони ленти. Изборот на материјали е исто така лош, затоа што делуваат евтино. Единственото нешто што може да „помине“ се чевлите.

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Без категорија