За WOW на неделата ја избравме Алеша Диксон поради уникатниот и импресивен стајлинг, кој беше комбинација од кошула – фустан со пруги и впечатлива апликација на предниот дел и ракавите, со пингвин во самиот фокус. Волуменозната креација совршено се вклопи со црните сандали на висока потпетица, нагласената шминка со smokey eyes и кармин во виолетова нијанса.

За LOL на неделата ја избравме Шарлот Ема Еитчисон = Чарли Екс-Си-Екс, чиј стајлинг беше буквално како да излегла од некој цртан филм. На црвениот килим се појави со комплет од здолниште и блуза во црно – бела комбинација, со бела чанта, очила за сонце ставени на главата, нагласен туш на очите и апсурден модел на чевли со шарени пердуви, на висока платформа и со дебела потпетица. Самиот изглед е апсолутно смешен и банален за дополнително коментирање.

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Без категорија