За WOW на неделата ја избравме Тејлор Свифт која повторно беше ангажирана за забавниот дел на шоуто на Викторија Сикрет, ревија која минатата недела се одржа во Лондон. Пејачката на црвениот килим се појави во краток тесен фустан од J. Mendel. Фустанот со црно – бел принт, Свифт го комплетираше со црни салонки, со отворени прсти и на висока потпетица, кои дополнително ја истакнаа нејзината совршена телесна конституција.

За LOL на неделата ја одбравме ќерката на Брус Вилис, Скаут која на забавата на магазинот Paper се појави во апсолутно краток топ, сако, панталони од сатен и чевли со шпицести врвови. Целата комбинација изгледа апсурдно и неспоиво. Пред се, Скаут носи краток топ кој ни најмалку не ја истакнува нејзината телесна форма во позитивен контекст, а комбинацијата на панталоните со дизајнот на чевлите е повеќе од смешна. Токму затоа, Скаут е нашиот избор за најлош стајлинг на неделта.

Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Без категорија