За WOW на неделата ја одбравме Селена Гомез, која на доделувањето на Американските музички награди се појави во исклучително елегантно издание. Пејачката на црвениот килим воодушеви со креацијата од Armani Prive, односно црн долг фустан во сирена стил, со долги ракави и гол грб. Гомез креацијата ја комплетираше со масивни алки на двете раце, обетки и впечатлив црвен кармин. Селена дефинитивно направи правилен избор на креација која совршено ја истакнува нејзината телесна форма и е знак за зрелост во изборот на аутфитот, доколку се направи делумна ретроспектива од самите почетоци до денес

За LOL на неделата ја избравме Алиша Милано која на премиерата на филмот „Into the Woods“ се појави во фустан со должина до колената, кој ни најмалку не ги покриваше неопходните делови од телото. Односно, актерката која претходно можеше да се пофали со феноменалната телесна конституција, неопходно е да ангажира стилист кој ќе и предложи аутфит адекватен за моменталната состојба. Тоа значи дека стајлингот кој го носеше на премиерата дополнително придонесе таа да изгледа крупно и несредено, особено во пределот на стомакот и градите, а наборите дополнително придонесоа за лош впечаток.  Иако Алиша има прекрасна насмевка, сепак таа не и помогна за да не биде на листата најлошо облечени селебрити.

Објавено:
16 декември 2014
Категорија: 
Без категорија