За WOW на неделата ја избравме Еванџелина Лили, која на премиерата на филмот „The Hobbit: The Battle of the Five Armies“ во Лондон се појави во креација на Рем Акра. Таа воодушеви со балскиот модел на фустан со златен корсет украсен со тиркиз и волуменозно здолниште во бела нијанса. Актерката изгледот го комплетираше со клач чанта во црна боја, со златни детали, впечатлива алка, обетки и минимална шминка.

За LOL на неделата ја избравме Линда Евангелиста, познатиот супермодел кој дефинитивно направи лош спој на парчиња. Непишано правило е дека широк горен и долен дел воопшто не се компатибилни за комбинирање. Токму ова правило се обиде да го прекрши Евангелиста, но за жал во негативна конотација.  Комплетирањето на изгледот со алки и лош избор на чевли, само придонесе да се потврди нејзиното место во листата на најлошо облечени селебрити за оваа недела.

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Без категорија