За WOW на неделата ја избравме Ема Робертс. Познатата актерка и модел која минатиот месец ја красеше насловната страна на канадскиот магазин Elle, на забавата на Валентино во Њујорк се појави во мини фустан од модната куќа, делумно волуменозен на долниот дел, во розова боја, со шарена цветна кравата, која придонесе целата креација да изгледа впечатливо. Изгледот го комплетираше со чевли во неутрална нијанса, чанта во виолетова боја и минимална шминка на себе.

За LOL на неделата ја избравме Рита Ора, кој се почесто е дел од листите за најлошо облечени селебрити. Овој пат на црвениот килим на забавата на Mattresss се појави во сомотски фустан со црвена боја од Виктор и Ролф, со панделка на едното рамо. Ваквиот дизајн на фустан бара внимателност при избор на модни додатоци за комплетирање, а токму тие придонеа пејачката да изгледа лошо. Рита креацијата ја комплетираше со црни хулахопки, црни чевли, алка и син лак за нокти, кој ни најмалку не се вклопува во целокупната слика. Потребно е пејачката да дозволи вистински стилисти да се погрижат за нејзините јавни настапи, за да го поправи добриот впечаток во јавноста.

Објавено:
30 декември 2014
Категорија: 
Без категорија