ema-meri-03

За WOW на неделата ја одбравме Ема Стоун која на доделувањето на Златните глобуси се појави во класично издание за разлика од поголемиот број селебрити, кои одбраа погламурозен изглед. Актерката на црвениот килим се појави во комбинезон од модната куќа Ланвин, односно црни панталони со корсет обложен со драгоцени камења и интересен детаљ – ремен кој  на задниот дел продолжува во долга панделка. Уникатна и впечатлива креација во секој поглед.

ema-meri-02

За LOL на неделата ја избравме Кери Вашингтон која се појави во креација на Мери Катранцу, односно колор – блок металик фустан со истакнато деколте. Кројот на фустанот и должината придонесоа актерката да изгледа покрупно од нејзината реална телесна форма, а дополнително Кери направила тотално погрешен избор на чевли, кои воопшто не се вклопуваат со целосниот изглед.

ema-meri-01

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Без категорија