chang

За WOW на неделата ја избравме Алекса Чанг која на забавата за остварената соработка со  брендот AG од Лос Анџелес, се појави во тексас кошула – фустан, со која на одреден начин ја најави тексасната колекција „Alexa Chung for AG“. Парчето го имаше комплетирано со хулахопки со светки и црни кожени чизми. Едноставен, а ефектен изглед.

За LOL на неделата ја избравме Кејт Босфорд, која иако носи креација од Оскар де ла Рента дополнета со скапоцени камења од Сваровски, не остави позитивен впечаток. Односно асиметричниот горен дел, не се вклопува со нејзината телесна конституција, а дополнително за лош впечаток придонесува делумно волуменозниот долен дел, особено кројот, кој е пократок на предниот дел.  Иако Кејт целосниот изглед го комплетира апсолутно со брендирани парчиња, како што се чевлите од Џими Чу, сепак поинаков крој на фустан би бил сигурно подобар избор за неа.

Објавено:
21 јануари 2015
Категорија: 
Без категорија