Џорџ Мајкл погребан после 94 дена

30 март 2017

Три месеци по смртта на Џорџ Мајкл или поточно 94 дена од трагичниот настан, вчера беше погребан во интимна атмосфера и во кругот на семејството и најблиските пријатели. Кени Гос, неговиот долгогодишен партнер беше еден од поканетите од страна на семејството, да присуствува на оваа приватна церемонија.

Мартин Кемп, Ендрју Риџли, Пепси, Ширли, неговиот татко и двете сестри го сочинуваа приватниот круг на големата звезда.

И покрај сите шпекулации, дека Фади Фаваз  нема да може да присуствува, последниот партнер на Џорџ Мајкл се појави на погребот.

„Goss-Michael Foundation“ ќе продолжи да функционира и да донира во истражувачки цели како и за ранливи категории. Семејството на Џорџ Мајкл ја поддржувало врската со Кени, имајќи го предвид фактот што Кени бил до него во најкритичните моменти од неговиот живот, во борбата со дрога како и грижата после операцијата во Австрија 2011-та година.


Што се однесува до Фади Фаваз кој последен го видел жив Џорџ, семејството му дозволило да дојде на погребот, но на тагувањето после тоа во нивниот дом не му дозволиле. Велат дека емоциите се уште биле жестоки како и тоа дека семејството никогаш не се помирило со фактот дека Фади е еден од оние што му набавувале дрога и не му помагале, напротив не се ни обидувал да му помогне. Тој само ќе изјави дека едноставно заспал во својот автомобил.


Џорџ Мајкл е погребан покрај неговата мајка Лесли која ја изгуби битката со ракот во 1997 година. Последните неколку години од својот живот и покрај репутацијата на бунтовник, отворен во својата сексуална ориентација и поголем од животот, приватно бил исклучително срамежлив и инсистирал да биде подалеку од очите на јавноста и фотоапаратите.

Според медицинскиот извештај причина за неговата смрт е природна, поточно последица на кардиомиопатија и замастен црн дроб.
Со продадени 100 милиони плочи во текот на својата 25 годишна кариера, безброј концерти, награди, Џорџ Мајкл е една од најголемите ѕвезди на светот.

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Останати
Прочитано:
2.536 пати