Изминатиов период низ нашите содржини ви го презентиравме трејлерот за новата филмувана верзија на безвременската бајка за Пепелашка. Новата верзија на филмот е во режија на Кенет Бранаг, а официјалната премира низ светските кино сали е закажана за 13 – ти март наредната година. Неодамна излегоа и плакатите со актерите и актерките кои ќе ги видиме во носечките улоги.
Во ролјата на шармантната Пепелашка, односно Ела ќе ја видиме, Лили Џејмс , додека улогата на Принцот му е доверена на Ричард Маден. На еден непосреден начин двајцата актери ќе не однесат во светот на магијата и преку својата приказна ќе докажат дека еден пар нови чевли можат да го променат текот на животот и дека вистинската љубов сепак постои.
Не помалку маркантни се и ликовите на „Лошата маќеа“ која ја игра легендарната Кејт Бланшет и посестрите кои ги играат младите Холидеј Грејнџер и Софи Мекшера. Особено впечатлив е постерот на „Добрата вила“, во чија улога ќе ја видиме Хелена Бонам Картер.
Раскошните фотографии се дело на култната фотографка Ени Лејбовиц, која покрај стандардните фотографски постери, специјално за љубопитната публика ги објави и фотографите, сликани од различни сцени во текот на филмот.
Богатството на преливи и бои, уметничкиот квалитет во однос на фотографирањето ги прави кадрите да изгледаат како да се живи. Во продолжение погледнете ги ексклузивните фотографии од кои ќе ви застане здивот.