Искористете го студеното време на ваша страна бидејќи ова е период од годината кои има свои предности во однос на останатите годишни времиња, како на пример можноста за уживање во комбинирањето на повеќе слоеви облека. Дебелите џемпери, масивните капути, топлите шалови, капи и ракавици покрај тоа што ќе ви обезбедат чувство на заштита и удобност, може да бидат и вашите основни модни адути.

 

why-well-never-tire-great-coat-invest-one-wear-proudly-all-season

 

Под предимензионираниот екстра-удобен капут, облечете плетен блузон под кој пак ќе ѕиркаат ракавите од вашата карирана кошула.

 

 

Сега е вистински момент за да ги извадите здолништата од твид и крзнените елеци  од вашиот плакар. Не се ограничувајте во изборот на бои и нијанси и одлучете се за живописни тонови.

 

Во продолжение погледнете неколку улични стајлинзи кои дефинитивно ќе ви бидат мотив и инспирација во креирањето на вашиот аутфит.

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија