Блејк Лавли го слави мајчинството во магичен едиторијал

13 октомври 2014

Откако ја објави веста дека го чека своето прво дете актерката Блејк Лавли среќната вест ја подели со своите обожаватели преку сопствениот портал Preserve, за кој исто така сними феноменален едиторијал, а на тој начин допушти и јавноста да ѕирне од приватните моменти за време на нејзината бременост.

Зад камерата од овој весел и позитивн проект се најде нејзиниот брат Ерик Лавли, кој ја фотографираше сестра си заедно со нејзините пријателки кои исто така се во блажена состојба.

 

Убавите протагонистки преку фотографиите ни ја раскажуваат познатата традиција во Америка на која со многу забава и подароци се слави бременоста и доаѓањето на нов живот. Главна инсприрација е боемскиот стил, а како се забавуваа идните мајки и пријателки на актерката гледате во продолжение.

 

 

 

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија