Циркуски перформанс на насловната на Fashion Magazine

18 септември 2014

Сон на многумина е барем еднаш во животот да можат да проследат еден од спектакуларните перформанси на циркусот  „Cirque du Soliel“. Модното списание „Fashion Magazine“ на некој начин реши да им ја исполни таа желба на сите циркуски обожаватели и заедно со моделот Александра Томлинсон за октомвриското издание на списанието изработија одличен едиторијал, каде  е доловена моќта на циркуската магија.

Екипата која е дел од циркусот „Cirque du Soleil“ во Монтреал, е состав од импресивни и неверојатно талентирани артисти, кои очигледно се креативен извор на инспирација.

Американскиот модел Александра Томлинсон позира пред фотообјективот на фотографот Крис Николс, опкружена со членови од циркуската група: акробати, магионичари, гимнастичари кои благодарение на својот талент умешно им пркосат на природните закони и излегуваат надвор од рамките на едноставните презентации.

Објавено:
18 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија