Црната боја најдоминантна на сезонскиот Cro A Porter

7 октомври 2014

Црната боја дефинитивно е најприсутна во стајлинзите на посетителите и тоа пред се во однос на кожените панталони, јакни и мантили. Интересно е што може да се забележи дека Хрватите се дефинитивно во тек со модните трендови кои владеат на улиците на светските метрополи, односно впечатливи принтови на маиците и јакните и секако врзаните карирани кошули околу струкот.

Како и претходниот пат така и сега, главна улога во ефектните стајлинзи играат токму модните додатоци, особено масивните чанти со принтови и шеширите, а дел од присутните направија интересни комбинации на летни фустани со капути и кратки бунди. Интересен факт е дека машката публика овој пат се покажа како голем стилски, сериозен конкурент во однос на жените и тоа буквално во сите различни стилови и варијанти. Во продолжение, погледнете ги најинтересните стајлинзи од присутните на сезонскиот Cro A Porter.

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија