Цветни референци во едиториjaл за американски Vogue

28 мај 2013

За оваа сезона дизајнерите предлагаат целосно расцветување на ткаенините, принтовите и силуетата, на што се надополнува и модниот прилог на Vogue кој го потпишуваат фотографот Стивен Клајн и стилистката Грејс Кодингтон. На фотографиите супермоделките Карен Елсон и Керолин Марфи носат креации во кои се мешаат минимализам, декаденција, оптички принтови, цветен дезен, луксузни ткаенини и структурирана силуета, а доаѓаат од пролетните колекции на Прада, Џил Сандер, Миу Миу, Марк Џејкобс, Проенза Скулер, Баленсијага, Бурбери, Живанши, Келвин Клајн, Селин, Марни и Луј Витон.

 

 

 

 

Објавено:
28 мај 2013
Категорија: 
Фото галерија