Ден на Боб Марли: Градски парк модно „обоен“ од изгледи во боите на Јамајка

10 мај 2014

На 11-ти мај, навршуваат 33 години од смртта на кралот на реге музиката Боб Марли. Како и изминатите единаесет години наназад, така и денес традиционално се собраа вљубениците на реге музиката во Градскиот парк во Скопје за да се дружат, забавуваат и да слушаат музика со позитивни реге вибрации. Настанот почна на пладне, а сонцето дополнително ги стимулираше сите,  порано да дојдат во паркот и да се позиционираат на зеленилото. На денот на Марли, доследни по поводот повеќето од присутните во однос на изгледот акцентираа на облекта и аксесоарите со јамајкански бои, како и парчиња со апликации од ликот на реге легендата.

 

Генерално доминираа опуштените хипи изгледи сочинети од лесни и лелеави парчиња, провидни кошули, макси здолништа и фустани кај девојките, а пак момците најчесто на себе имааа широки спортски маички споени со фармерки или бермуди, но забележавме и индивидуалистички комбинации кои се издвојуваа. Погледнете каква беше атмосферата и изгледите на дел од присутните што беа расположени да се фотографираат и да покажат каква комбинација избрале за посета на настанот.

Објавено:
10 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија