Оскари 2014
Во изборот за највпечатливи фотографии кои службено ги одбра списанието Тајм, се најде и селфи фотографијата, која после завршувањето на најпрестижната филмска манифестација „Оскар“, буквално го обиколи светот. Елен Деџенерис, заедно со дел од најпознатите актери во светски рамки стана најпопуларна фотографија во историјата на социјалната мрежа Твитер, по 40 минути од нејзиното објавување.
Фотографија на Масимо Чентени. Имигранти од Блискиот Исток и Африка заедно на еден брод
Воедно, тоа е и единствената фотографија со позитивна порака бидејќи сите останати кои се најдоа во листата на селектирани фотографии прикажуваат трагични аспекти. На пример, фотографот Даниел Берехулак за „Њујорк Тајмс“ прикажа фотографија на дете кое е болно од ебола во Либерија, а Џером Сесини, беше првиот фотограф кој успеа да стигне на местото на катастрофата кога малезискиот Боинг 777 се сруши над Донецк, градот во Украина кој долго време беше „дом“ на потресни сведоштва.
Фотографија на Никита Анџелика. Борба со џиновски капки дожд.
„Секоја фотографија во годинешната топ десет листа е одбрана во конкуренција на илјада други. Сите одбрани фотографии ни ги прикажуваат најважните моменти и настани кои се случија оваа 2014 година“, се вели во официјалното соопштение на списанието „Тајм“.