Дизајнерски автомобили? Само во Париз!

20 февруари 2014

Сите се луди по принтовите оваа сезона. „Лудите очи“ на Кензо, цвеќињата на Марни, дамите на Прада! Ова се принтовите што се актуелни оваа сезона и дефинитивно се вредни за тоа. Автомобилскиот гигант Тојота не не остави долго да чекаме за да видиме како сите тие принтови ќе изгледаат доколку се пренесат на автомобил.

Во моментот кога Париз се подготвува за модната недела, јапонскиот производител на автомобили Тојота започна соработка со некои од модните брендови од градот на светлината и заврши со одличен резултат – неверојатни дизајнерски автомобили!

Тие создадоа три прекрасни, цветни автомобили кои засега може да ги видиме само на улиците низ Париз. Додека не сме во можност да се повозиме во истите, уживајте во нив само на фотографии!

Објавено:
20 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија