Модниот едиторијал со актерката во јануарскиот број на американски Elle  е наречен „Фантастично патување“, што е вистински наслов, бидејќи на фотографиите Бил позира во фантастичните ателјеата на модните куќи на Балман, Жан Пол Готје, Азедина Алаја, Валентино и Кристијан Лубутан и на интересни париски локации. Во снимањето на едиторијалот учествуваа и самите креатори. На пример, на една фотографија го гледаме тимот што работи за брендот Мартин Марџела како ѝ помага на Бил да облече виолетов фустан, на друга актерката позира со Готје на покривот на неговото париско ателје, потоа Џесика и дизајнерката Изабел Марант релаксирано се дружат во една кафетерија, а на една фотографија разговара со Џамбатиста Вали во хотелската соба на „Плаза Атене“. Фотографиите ги потпишува Томас Вајтсајд, а стајлингот е на Џое Зи.

 

 

Објавено:
13 мај 2013
Категорија: 
Фото галерија