Џоан Смoлс и пркоси на гравитацијата од насловната на WSJ

8 ноември 2014
За насловната страница од ноемврискиот број на списанието The Wall Street Journal, манекенката Џоан Смолс реши да ги здружи силите со танчарот Лил Бак и на тој начин да ги изненади своите обожаватели со танцувачките вештини кои ги поседува.
За ноемвриската едиција на списанието, сексапилната Џоан, заедно со с танчарот Лил Бак,  изработија едиторијал кој суптилно ги вплете музиката и модата во една необична модна приказна. Гламурот и грациозноста на свечените тоалети благодарение на идеалната силуета на Смолс, добија нова димензија, која комплетно им пркоси на законите на гравитацијата и музичката рапсодија на танцовите движења.
Бак и Смалс храбро одговорија на предизвикот, а резултатот се необичните и крајно иновативни кадри кои на модата и дадоа сосема нова димензија. Фотографот Даниел Џексон потврди дека креативната фантазија нема граници.
Имено, ова издание на магазинот е посветено на наградите за иноваторство кои неодамна се доделија. Што се однесува за Бак, чија енергија одлично се сплоти со латино духот на порториканскиот модел, тој е мошне познат кореограф кој има работено со неколку познати светски ѕвезди, меѓу кои и Мадона, а има настапувано и во голем број балетски претстави.
Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Фото галерија