Ексцентричен колорит на улиците во Милано

2 март 2015

Во моменотв, улиците на Милано се најголема светска крстосница на стилови. Тука се пресретнуваат Истокот и Западот, аматерите и професионалците, модните блогери и фотографите, модните новинари и стилистите... И секој од нив со своја стилска приказна. Па може да замислите каква експлозија од стилови се случува на миланските улици за време на актуелната модна недела.

Првиот впечаток е храбар избор на бои: јаки и интензивни, во безгранични комбинации со принтови. Аксесоарите се секогаш доминантни во уличната мода. Овој пат чаните со реси, масивните обетки и шеширите се приоритетни на листата најобожувани модни детали.

Еве го нашиот избор на најинтересни стајлинзи од уличнаа мода во Милано.

 

 

Објавено:
2 март 2015
Категорија: 
Фото галерија