Ексцентрична еротика на борбената жена од едиторијалот на американскиот магазин „W“

14 февруари 2014

Американскиот моден магазин „W“ за мартовското издание на магазинот, на сите своите читатели од страниците им нуди едиторијал насловен „Warrior Stance“ .  Главни модели од фотосесијата се:  Мариа Боргес, Џоан Смајлс, Дарија Строкоус, Кетрин Мекнели, Меган Колисон, Ајак Денг, Лили Доналдсон, Феи Феи Сан, Џејми Бочерт и Кристина Крус. Фотографиите се изработени од Свивен Клејн, додека како стилист се потпишува Едвард Енинфул. Зад шминката и фризурата стојат Орландо Пита и шминкерот Кабуки.  Силната и воинствена жена, е главната инспирација и водечкиот момент од едиторијалот, кој прикажува една суптилно експлицитна еротика, презентирана со уметнички пристап кон нежноста, но и борбеноста кај жената.

Објавено:
14 февруари 2014
Категорија: 
Фото галерија