eNVy Room: есенска колекција за ретро романтичарки

12 септември 2014

Познатиот хрватски моден бренд ги лансираше фотографиите за најновата рекламна кампања, целосно инспирирана од амбиентот на филмовите режирани од страна на големиот виртуоз Федерико Фелини.

Вјеко Франетовиќ и Никица Иванчевиќ повторно го обединија проверениот тим на соработници, предводени од фотографот Шимон Ешкинјом кој за кампањата есен-зима 2014 во својата визија сакаше да ја долови емоцијата и естетиката на мистичниот филмски свет на Федерико Фелини. Улогата на муза и беше доверена на Марија Колак, а како идеална локација на тимот му послужи живописниот простор на калето „Стариград“ кој се наоѓа на островот Хвар.

Брендот eNVy Room останува доследен на својот веќе афирмиран моден идентитет и колекциите ги изработува во слична конотација и насока, а тоа е и причината поради што е и омилен во круговите дури и на најприбирливите дами.

Колекцијата изобилува со модели од здолништа и фустани во популарниот молив крој , во комбинација со корсетирани горни делови кои даваат по малку ретро призвук на целата визија. Линиите се женствени, ја милуваат силуетата и визуелно телото изгледа како песочен часовник. Лелеавите и светкави материјали се резервирани за вечерните забави, па за таа цел грациозните макси фустани, шармантно набрани околу половината и украсени со светкави детали ќе ве освојат од прва.

Објавено:
12 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија