Ева Грин заведува во новиот календар на Кампари за 2015 година

7 ноември 2014

Тематиката на календарот е со наслов „Mythology Mixology“ со цел да се стави акцент на познатите коктели на брендот. На фотографиите доминира црвена боја, која е симбол на страста, но и заштитен знак на Кампари. Фотографиите се дело на Џулија Фулертон Батен, а Ева Грин за фотосесијата изјави – „За мене овој проект не е само обичен календар, туку многу повеќе. Се работи за раскажување на различни приказни на имагинативен, креативен и убав начин, сублимирани во уникатно дело“. Во продолжение доживејте ја приказната за Кампари, раскажана преку спој на фотографии со различна содржина.

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Фото галерија