„Falling in Love with Couture“ – уникатен париски едиторијал на Harper’s Bazaar

22 август 2014

Во септемвриското издание на американскиот Harper’s Bazaar ќе биде сместен еден од можеби најубавите едиторијали за оваа сезона.

Истиот ќе беше сосема обичен и секојдневен, доколку не беа фотографирани некои од најдобрите дизајнери на денешницата со дел од нивните највпечатливи креации и тоа во градот на светлината – Париз!

Џорџо Армани Џорџо Армани

Едиторијалот е направен специјално за септемвриското издание на магазинот, во пресрет на есенските модни недели за 2015 – тата година во Париз.

Во истиот ќе го видите Раф Симонс со прекрасна манекенка облечена во бела креација на Диор, во Музејот Родин веднаш по завршувањето на неговата презентација на новата колекција во рамки на неодамнешната недела на Висока мода во Париз.

Диор Диор

Веднаш по него, со фантастична позадина на Ајфеловата кула се појавува големиот Џорџо Армани со манекенка облечена во фантастична црвена креација од неговата колекција, за потоа да ги видиме креативните директори на Валентино - Мариа Грациа и Кури и Пјер Паоло Пичоли во друштво на совршена креација од брендот.

На модните страници на магазинот ќе ги видите и Џамбатиста Вали со креација од неговата последна колекција фотографиран во неговото студио во Париз, како и креативниот Марко Ѕанини кој создава вистинска уметност за Скјапарели.

Џамбатиста Вали Џамбатиста Вали

Скјапарели Скјапарели

Зад овие креативци не заостанува ниту големиот Жан Пол Готје кој ја има можеби најромантичната фотографија на покривот на неговото ателје во Париз додека ја бакнува раката на неговата моделка облечена во луксузна светкава тоалета!

Жан Пол Готје Жан Пол Готје

Објавено:
22 август 2014
Категорија: 
Фото галерија