Fashionel во Белград - празнична улична мода

19 декември 2014

Празничната енергија особено се чувствува низ градските улици,  кога луѓето меѓусебно ја споделуваат радоста која со себе ја носи овој период.

Fashionel деновиве имаше можност да го почувствува празничниот амбиент на познатата белградска улица „Кнез Михајлова“, каде успеавме да го „фатиме“ ритамот на секојдневната улична мода на градот.

Секој со своја приказна и мисла, случајните минувачи или неслучајните туристи, заеднички создаваа еден неповторлив момент што го зачувавме  преку нашите фотографии.

Топли плетенини, предимензионирани палта и шалови, зимски капчиња, високи чизми и големи торби – уличната мода во Белград целосно е соживеана со зимата на која и недостасува единствено снег за да биде идилична.

Интерересно е што секоја генерација носи посебно шаренило во „уличната“ слика на градот која токму такваа e комплетна, совршена и спонтана.

 

Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Фото галерија