Fashionel во Милано: Уличната мода низ нашиот објектив

23 септември 2014

Уличната модна динамика за време на актуелните модни недели вистински се доживува кога си директно присутен на местото на настанот. Задоволни од приликата што имавме можност непосредно да ги доживееме улиците на Милано за време на тамошната, штотуку завршена модна недела, ексклузивно ви ја презентираме богатата разгледница од тотално урбани и инвентивни улични стилови, кои проектираат своја индивидуална визија на тенденциите кои се промовираат на модните писти.

Генералниот заклучок е дека посетителите на Миланската модна недела или оние кои „случајно“ се затекнале во Милано во периодот кога модниот пулс кулминира, не се водат според наметнати “модни“ правила, туку самите ги креираат истите. Па така низ фотографиите во продолжение ќе видите припадници на различни супкултури, од панк преку гранџ до хипи и тоа јасно дефинирано, покрај другото и преку нивната облека. И уште еден забележителен момент е дека сите тие и отстапуваат приоритет на удобноста, особено кога чевлите се во прашања, па така многу ретко ќе видите високи потпетици.

 

Фотограф: Емилија Маневска, Fashionel

 

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија