Fashionel во Париз: уличната мода низ нашиот објектив

25 март 2015

Париз е секогаш возбудлива дестинација, не само поради фасцинантната култура, традиција и импозантната уметност, туку особено за модните инсајдери е инспиративна модната историја на француската престолнина.

Тимот на Fashionel  неодамна имаше можност непосредно да го почувствува модниот ритам на париските улици. Неповторливата енергија на туристите дојдени од различни страни на светот, но и препознатливиот париски шик на домаќините,  прават уникатен колаж на стилови кои ги забележавме со нашиот објектив.

Низ фотографиите ќе препознаете различни стилски рефлексии на индивидуалните приказни на луѓето со кои случајно се разминавме на Елисејските полиња, една од најубавите и најбогатите авении во светот.

Вниманието ќе ви го привлече опуштеноста на луѓето, но пред се’ педантноста во изборот на удобна, но истовремено и облека со поракa: кои се, каде одат, зошто се тука, дали се туристи или парижани...

 

 

Објавено:
25 март 2015
Категорија: 
Фото галерија