Fashionel во Виена: Улична мода над возрасните граници

8 април 2014

Космополитизмот на виенските улици создава неповторлива мешавина од стилови како одраз на различните култури и народи, со оглед на тоа дека тука во  динамичната циркулација на градскиот центар, најбројни се туристите. На прв поглед е воочлива разликата помеѓу домаќините на австриската престолнина, кои независно од возраста, внимаваат на одмереност во имиџот, секогаш со изразена индивидуалност и перфектна дисциплина во комплетниот став, а од друга страна доминира изборот на кежуал парчиња и ниски удобни обувки, секако најсреќен избор за туристите.

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Фото галерија