Фестивалот кој има силна репутација и важи за настан со влијание кон промените на рокенрол сцената, е Бонаро музичкиот и уметнички фестивал кој се одржува во Манчестер, Тенеси и трае цели четири дена. Токму минатата недела се одржа овој музички настан каде од повеќето сцени се одржаа настапи со различни музички стилови. Иако музиката таргетираше различни вкусови, кога станува збор за фестивалската мода големиот број присутни стилски не се разликуваа многу, а од нивните изгледи преовладуваа трендовските летни и хипи парчиња, како и горните делови од костими за капење.
Кратките топови од изгледите на девојките се парче без кое очигледно не се оди на музички фестивал на отворено, па така ќе ги видите речиси на секоја девојка. Цветни принтови од лесни летни фустанчиња, краток шорц, фустани како од милје, се на се’ фестивалските изгледи секогаш тежнеат кон хипи влијанието, не оптоварувајќи се со било какви правила и модни стеги.