Вчеравечер стартуваше манифестацијата која го празнува виното што најдобро се ужива со добра музика, „Пролетниот Вино Фест“.

Главни музички ѕвезди на вечерта беа The Hounds и гостионот од Црна Гора- Бојан Маровиќ кој на своите обожаватели им испрати видео порака пред неговиот настап во Скопје.

Од Веро Центарот информираат дека сите фестивалски денови, паркингот по завршувањето на работното време на трговскиот ќе биде отворен и бесплатен за сите посетители на фестивалот.

Од винариите  пак велат дека за сите оние кои ќе присуствуваат на винскиот фестивал, подговтвиле пристојни цени, достапни за секој граѓанин, бидејќи целта на ова случување е промоција на најдобрите македонски сортни вина и нивна дегустација.

Вечерва посетителите ќе може да се забавуваат на музичкиот сет на Dj Тина, a потоа ќе следуваат настапите на Cross road blues band, The backdoor band и Last Expedition.

Манифестацијата ќе трае до недела (10-ти мај).

 

Објавено:
7 мај 2015
Категорија: 
Фото галерија