Со стартот на викендот, започна и „карневалската треска“ во Струмица каде традиционално секоја година се одржува популарниот Струмички карневал.

Карневалската поворка која вклучува голем број маски од групи од државата и ширум светот ќе биде главната атракција вечерва во Струмица, а како најава за тоа вчера беше организиран и официјалниот Маскенбал на кој беа избрани и годинешниве принц и принцеза.

Во целиот град се чувствува позитивната енергија, а дел од амбинтот од вчерашните забави под маски ви пренесуваме преку фотогалеријата во продолжение.

 

Објавено:
21 февруари 2015
Категорија: 
Фото галерија