Guess отпатува во Токио и прати разгледница што ги буди сите сетила

9 октомври 2014

Токму таа модна разгледница од Токио е новата рекламна кампања на брендот Guess специјално изработена од фотографот Чен Ман кој вторпат соработува со американската етикета. Манекенките Меган Вилијамс и Кармеј Нагаја својата авантура од Источната престолнина ја почнуваат во ориентален амбиент, облечени во светкави темно зелени парчиња, за потоа искуството од најголемиот град во светот да го пропатуваат на кочија како две најмоќни владетелки. Црната и црвената боја од креациите е доволен доказ дека тие се двете добитни нијанси што придонесуваат за најдобриот моден ефект. Ако важи тоа дека две исти работи се одбиваат, во случајот од фотосесијата подеднакво моќните дами подоцна стануваат ривалки кои на отворено бојно поле ги измеруваат силите на модата од облеката на Guess. Погледнете!

Објавено:
9 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија