Хвар-интернационална крстосница на летни стилови

12 август 2014

Познатиот хрватски остров Хвар за време на актуелната туристичка сезона е една интернационална крстосница на стилови. Тука се сретнуваат различни генерации на туристи од различни страни на светот, создавајќи автентична мешавина на егзотика, индивидуализам и космополитизам.

Независно од тоа што секој носи свој препознатлив стилски печат и обележје на неговата национална култура, заедничко за сите туристи и посетители е хедонизмот, удобноста и практичноста во изгледот.

Опуштениот амбиент на островот и примарната цел-летен годишен одмор, ги диктираат непишаните правила и при изборот на летна комбинација: удобни и ниски чевли, лесна облека изработена од природни материјали, сламен шешир, очила за сонце и мал ранец кој ќе ги собере сите неопходни предмети за плажа.... Барем вака изгледа еден типичен турист.

 

 

 

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Фото галерија