Откако последниов период ги сними рекламните кампањи за Ла Перла и Булгари, сексапилната Изабели Фонтана изгледа подобро од кога и да е во новиот едиторијал за француското издание на магазинот Ел.

Бразилската убавица позира пред објективот на Седрик Бачет во вестерн инспирирани комбинации од есенските колекции на Москино, DSquared2 и уште неколку други стилски брендови.

Сите комбинации се направени од креативната Хортенс Манга, инаку стилист на магазинот. Од почеток до крај, Изабели изгледа неверојатно секси на сите фотографии позирајќи во шик парчиња што допрва ќе ја одбележат есента.

Манекенката носи и внимателно одбрани модни додатоци меѓу кои и фантастични шапки, марами, алки, пончо и што уште не.

 

Објавено:
7 септември 2015
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
949 пати