Како Германците ја носат облеката низ ладните улици во Берлин

8 јануари 2014

Класични и винтиџ капути, спортски јакни, бунди и стилизирани зимски мото јакни се едни од најприменуваните и актуелни парчиња низ улиците на Берлин.  Студенилото не ги заобиколи ни Германците кои оваа сезона го практикуваат слоевитото комбинирање на облеката. Комфорните и топли парчиња им се задолжителни, а во повеќето од изгледите низ галеријата ќе забележите дека тие ги сакаат огромните предимензионирани шалови со кои целосно се покриваат. Исто така девојките и жените умешно комбинираат пелерини со цигара панталони и фармерки, додека од чизми омилени им се кожните мото во црна боја. Ретко која девојка ќе ја видите на високи потпетици, зашто сите ја претпочитаат удобноста и лесното функционирање преку ден. Како жените така и мажите во Берлин ја уживаат лежерноста од имиџот, а знаат да изненадат и со некој необичен зимски стајлинг.

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија